МД „Илинден“ – Тирана ги повика Македонците во Албанија да гласаат на изборите на 12 април
Македонското друштво „Илинден” – Тирана ги повика сите Македонци во Република Албанија што имаат македонско државјанство да се пријават или да направат увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените избори за пратеници во Собранието на Македонија, на 12 април.
– Согласно јавниот повик објавен на сајтот на Државната изборна комисија на Македонија вашето избирачко право ќе може да го остварите со увид и пријавување во амбасадата на Република Македонија во Тирана, на улица „Кавајес’’ број 116, се наведува во повикот.
Се додава и дека увид во Избирачкиот список може да се направи и преку интернет страницата „dijaspora.sec.mk“, Изборачкиот список „izbrackispisok.gov.mk“, како и за пријава за регистрација за глaсање во Дијаспора „dijaspora.sec.mk“.
– Доколку сте во можност проверката во Избирачкиот список може да ја направите и лично во амбасадата на Република Македонија во Тирана, како и пријавувањето за гласање. За сите дополнители информации во врска со изборниот процес може да се јавите на телефонскот број на амбасадата 042230909, се наведува во повикот.
Се посочува дека гласањето ќе се одржи во сабота, на 11 април 2020 година во период од 7:00 до 19:00 часот, во просториите во Амбасадата во Тирана.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд