Свет
22. February 2016 - 18:00

Маж со безбол палка дивеел во австрискиот Парламент

Еден маж денеска со безбол палка влегол во австрискиот Парламент и со неа почнал да креши се околу себе, јави Танјуг.

Во текот на неговото дивеење биле искршени две безбедносни камери.

Мажит влегол во зградата од Парламентот во делот наменет за посетители, што е отворен за јавноста, каде почнал да ги крши камерите, пренесе полицијата.

Потоа успеал да влезе и во централниот хол од Парламентот каде се оддржуваат различни манифестации, каде ја фрлил бејзбол палката и и се предал на полицијата.

Како мотив за инцидентот тој навел дека протестира против „системот“˝, а полицијата смета дека причината можно е да биде и од психичка природа.