Балкан
3. April 2017 - 14:12

Матуранти наместо на факултет заминаа во смрт: Ги рaзнела плинска боца, соседите со ужасни детали

Осумнаесетгодишните близнаци Милан и Неда Павловиќ се двете деца кои ги загубија животите во експлозија на плинска боца во нивниот дом. Во несреќата повредена е и нивната мајка Наташа, како и уште три лица.

- Беше страшно, од експлозијата еден човек буквално излезе од прозорецот на станот и падна на улица. Влегов внатре, ги видов телата на децата. Не успеав да им помогнам веќе беше доцна, вели соседот Дејан Тоциќ.

Несреќата се случила вчера околу 15 часот, а срчите кои се разлетани на улицата говорат за тешката трагедија.

- Беше ужасно, лежеа мртви, целиот прв спрат каде живееја се сруши, додава соседот.

Близнаците биле матуранти и за два месеци требало да го завршат училиштето. Планирале да се запишат на факултет. За жал, нивните соништа никогаш нема да се исполнат.