Македонија
17. May 2023 - 11:26

Матурант му покажа среден прст на полицаец во Скопје, МВР ќе го повика на разговор | ВИДЕО

Откако денес низ социјалните мрежи се шири недолично видео од матурант кој му покажува среден прст на полициски службеник, додека е качен на автомобил и игра на музика, од МВР велат дека веќе го утврдиле неговиот идентитет.

– За лицето кое недолично се однесува на јавно место, утврден е идентитетот и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош, ќе биде повикан во Полициска станица Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави.