Тенис
18. November 2016 - 18:30

Мастерс: Мареј во полуфинале, но не против Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Енди Мареј ја постигна и третата победа во групата „Џон Мекинро“ на Мастерсот во Лондон. Тој попладнево со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2) го совлада Стан Вавринка, кој со овој пораз ги загуби шансите за пласман во полуфиналето. 
Мареј го освои првото место во групата, а втор е Кеи Нишкиори без разлика на исходот од мечот што вечерва од 21 часот го игра против Марин Чилиќ. 
Мареј во полуфиналето утре ќе игра против Милош Раониќ, а во второто полуфинале ќе играат: Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.