Маслов: Русија не е против новото име на Македонија, но не е за членство во НАТО
Русија нема ништо против Договорот од Преспа за името, но се противи на членството на Македонија во НАТО, изјавил рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов на брифинг во Атина во врска со посетата на грчкиот премиер Алескис Ципрас на Москва.
– Ако Атина и Скопје постигнат договор за името и ако тоа биде официјално прифатено во Уставот на Република Македонија, тогаш ние ќе го признаеме тоа, вели Маслов, прашан дали е можно Москва да стави вето на договорот во Советот за безбедност на ОН.
Го повторил ставот на Русија дека е против членството на Македонија во Алијансата и оти ако се случи тоа Москва ќе биде принудена да преземе контрамерки.
Рускиот амбасадор наведува и дека Договорот од Преспа нема да влијае на односите меѓу Русија и Грција. Релациите меѓу Атина и Москва, според Маслов, се нормализираат по дипломатските инциденти од летото кога Грција протера двајца руски дипломати, а на други двајца им забрани да влезат на нејзина територија поради наводи за руско мешање во разговорите за прашањето за името.
Ново на Сител
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан