Македонија
20. October 2017 - 13:41

Маскирани лица влетале во казино на Партизанска - заминале со богат плен

Уште еден грабеж вчера ги потресе жителите на Општина Карпош. Како што информираат од полицијата , вчера во 21,45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на ул. „Партизански Одреди“ во казино„Астра“од страна на три маскирани и вооружени лица со огнено оружје било извршено разбојништво над вработените во казиното, при што се одземени околу 181.500 денари, а сторителите го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.