Мартин Шулц упати жестоки критики врз Трамп

Главниот ривал за местото германски канцелар на актуелната шефица на Владата на Германија, Ангела Меркел, Мартрин Шулц денеска влезе во отворен вербален напад врз американскиот претседател Доналд Трамп.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, за време на говор во покраината Баварија Шулц, кој е поранешен претседателот на Европскиот парламент и кандидат за канцелар на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), изјави дека „секој што сака да гради ѕидови, ги негира женските права, навредува луѓе со хендикеп и ранливи категории граѓани и напаѓа медиуми, мора да биде критикуван“.
Шулц остро ја нападна и екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), која, според него, е „срам за земјата“.
Според последните анкети на јавното мислење, СПД на Шулц има сличен рејтинг со најголемиот политички ривал блокот на Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Христијанско социјалната унија (ЦСУ), предводен од Меркел, со кој сега социјалдемократите ја делат федералната власт.
Ново на Сител
-

Бојан Илиевски е победник на големото музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“
-

Приведени уште четири лица осомничени за проневерата во ФФМ
-

Пезешкијан: Писмено ќе потврдиме дека нема да правиме атомска бомба, но не се откажуваме од збогатување ураниум
-

15-годишно девојче пробало да се самоубие бидејќи не можело да ги издржи заканите и агресивното однесување од таткото
-

Приведена жена од скопско која била агресивна кон нејзиниот сопруг
-

Од утре променливо облачно и нестабилно време со врнежи, пообилни во вторник и среда
-

Мерка притвор за лице кое во Штип полово вознемирувало 16-годишна девојка
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест против "Зврнец", учествуваа 250 илјади демонстранти
