Марковиќ: Црна Гора има визија за Косово и сака да го види во ЕУ и НАТО

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека Подгорица сака да го види Косово во Европската унија и во НАТО, нагласувајќи дека црногорската Влада имала визија кога ја признала косовската независност и покрај тоа што 85 осто од граѓаните на Црна Гора биле против тоа.
Во интервјуто за косовската телевизија „РТК“, Марковиќ посочи дека Црна Гора ќе им помага на приштинските институции на патот кон Унијата и НАТО, доколку тие го побараат тоа.
Црногорскиот премиер констатираше дека земјите од Западен Балкан поради различни околности во минатото ги пропуштиле можностите за интеграција во ЕУ и поради тоа, треба да побараат од Унијата јасно да наведе кои се нејзините перспективи, вклучувајќи го, се разбира, и Косово.
Марковиќ потенцираше дека, при неговата посета во Приштина, што ќе биде одржана на 6 февруари, тој ќе го повика неговиот колега Рамуш Харадинај да преземе „храбра одлука“.
- Треба да се донесат одлуки, кои со сигурност ќе им понудат повеќе на граѓаните од тоа што го имаат сега. Кога Црна Гора донесе одлука да го признае Косово, политичката клима се вжешти. Над 85 отсто од граѓаните беа против одлуката на Владата да го признае Косово, но ние сепак го признавме. Би истакнал дека делумно поради таа одлука и таа визија на црногорската Влада, Косово сега ја ужива моменталната позиција на земјата со евроатлантски перспективи и стабилност, заклучи црногорскиот премиер.
Ново на Сител
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
-

Во општина Могила пронајдени неексплодирани гранати
