Спорт плус
29. August 2024 - 12:04

Марија Димовска и Лука Змејкоски ќе се борат за златен медал на Светското првенство во кик бокс

Марија Димовска и Лука Змејкоски ќе се борат за златен медал на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија, откако извојуваа победи во полуфиналните борби.

Димовска славеше против Јелена Стојановиќ од Босна и Херцеговина со 3-0.

Змејкоски беше подобар од Владислав Лендел од Украина и го победи со 3-0.

Така, Макодонија обезбеди три медали откако Силвио Мировски се пласира во полуфиналето и обезбеди најмалку бронза.

Селекторот Дејан Митровски вели дека Марија и Лука имале целосна доминација во сите три рунди.