Тенис
19. July 2015 - 18:36

Мареј и донесе 1/2 финале на В. Британија

Селекцијата на Велика Британија ја совлада Франција со 3-1 и избори полуфинале во Дејвис купот каде за противник ја има селекцијата на Австрлија. 

Последниот , најважниот поен за Британците го обезбеди Енди Мареј со тримфот над Жил Симон во четири сета. 
Австралија претходно предводена од ветеранот Хјуит направи целосен пресврт и по негативата од 2-0 со Казахстан дојде до триумф од 3-2. 
Во второто полуфинале се пласираа Аргентина и Белгија.