Македонија
2. јуни 2022 - 12:10

Малолетник тешко повреден откако во него удрил автомобил

На 01.06.2022 околу 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Скупи“, патничко возило „шкода фабиа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30)  удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје, велат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.  Увид извршила екипа од СВР Скопје.