Македонија
22. April 2024 - 11:59

Малолетник со тешки повреди пренесен во болница

Малолетник заврши во болница, откако во него удрил автомобил.

- На 21.04.2024 во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје, соопшти МВР.

Како што соопштија од полиција, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.