Македонија
27. August 2024 - 18:14

Малолетници украле автомобил, па откако го оштетиле го вратиле

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против двајца малолетници поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.

- На 06.08.2024 од паркинг просторот во населба Ново Делчево, пријавените одзеле патничко возило „мерцедес“, сопственост на Ф.Ѓ. од с. Разловци. Додека го управувале, го оштетиле возилото, по што го вратиле на истото место, соопшти МВР.