Џет-Сет
23. April 2016 - 10:31

Малечката на Цеца фатена како пие и пуши како голема

Наследничката на Цеца на отворањето на еден сплав пиела шотови и палела цигара за цигара, а од Дарко Лазиќ порачувала песни од мајка и.

Анастасија Ражнатовиќ иако дури следниот месец ќе стане полнолетна, веќе наголемо ужива во ноќните забави.

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ и покојниот Аркан со друштво била на отворањето на сплавот „Бела лаѓа“ каде во текот на ноќта настапувал Дарко Лазиќ. Таа била многу разположена, и покажала дека сака добра капка.

Анастасија, освен што палела цигара за цигара, се сладела и со кратки алкохолни пијалоци.

Наследничката на Цеца му приоѓала на Дарко Лазиќ и порачувала песни од мајка и и го частела со илјадарки.