Мал борец: Бебе од 1.500 грама го победи корона вирусот
Малата Пејтон е предвреме родена пред осум недели и тежела само 1,5 кг. Набрзо потоа било откриено дека бебето е заразено со коронавирус, пренесува Би-Би-Си.
Трејси Меквајер од Шкотска се сеќава на моментот минатиот месец кога лекарите му земале брис од носот на нејзиното бебе старо само три недели за да го тестираат за коронавирус. Таа вели дека тоа е една од „најлошите работи“ што ги видела, пренесува Би-Би-Си.
– Тоа беше прв пат кога го видов моето бебе како плаче. Ја држев, плачев и сакав само што е можно поскоро да заврши“, рече Макгвајер.
Majката редовно објавувала на нејзиниот фејсбук-профил за тоа како се одвива состојбата со нејзиното новороденче.
Малата Пејтон е предвреме родена пред осум недели и тежела само 1,5 кг. Лекарите, по рутинскиот преглед, се загрижиле дека Трејси може да има прееклампсија и ја испратиле заедно со своето бебе во болницата во Ланаршир за дополнителни тестирања. Наскоро било откриено дека бебето е заразено со коронавирус.
-Ми рекоа дека Пејтон е во ред и не мора премногу да се грижам. Мислам дека лекарот всушност сакаше да ме смири, но јас постојано плачев. Мислев: „Колку е добра таа, кога е толку слаба и ситна, како може да се бори?”- раскажува Трејси за Би-Би-Си.
На малечката Пејтон и биле дадени стероиди за да ги зајакне белите дробови, а на нејзината мајка и кажале дека поради царскиот рез, мора да оди дома 14 дена и да се изолира од своето бебе.
– Се молев на докторот по телефон да ме остави да бидам со неа. Колку и да внимаваа сите, сè уште сум нејзина мајка. Дури и да беше само настината, јас би сакала да бидам таму со неа- се потсетува мајката.
Лекарите попуштиле и дозволиле Трејси да остане со Пејтон, но Адријан, таткото на девојчето, морал да оди дома и да биде во изолација.
Со текот на деновите, бројот на смртни случаи во Шкотска како резултат на компликации поврзани со коронавирус продолжи да се зголемува, но Пејтон почна да се опоравува.
Таа и нејзината мајка во понеделникот бие пуштени од болницата.
Ново на Сител
-
КБК Шампион со 5 натпреварувачи на Европскиот куп во Пловдив
-
Мелони по посетата на папата Франциск во болница: Тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор
-
Трамп го нарече Зеленски „диктатор“, продлабочувајќи го јазот меѓу двајцата лидери
-
Од фудбалски соништа до интернет сензација | Стефан Лазаров | Неформално | Sitel Podcast 082
-
Путин задоволен од резултатите од руско-американските преговори во Ријад
-
Без вода утре дел од Центар
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет
-
Уапсен 28-годишник од светиниколско, се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка