Макрон ќе и се обрати на јавноста во врска со новиот закон за миграција
Францускиот парламент доцна синоќа го изгласа контроверзниот и построг закон за имиграција, кој предизвика несогласувања кај дел од левото крило на владејачката партија.
Откако минатата недела опозицијата во Националното собрание го одби владиниот предлог, мешовитата комисија на Народното собрание и Сенатот постигнаа компромис и законот беше усвоен во двата дома на парламентот.
За законот гласаа и членовите на екстремно десничарската партија Национален собир (РН). Претставник на партијата на Макрон „Ренесанса“ ја нарече таа поддршка „бакнеж на смртта“ и заклучи: „Сега сме во рацете на РН, изгубивме на сите фронтови“.
Францускиот претседател Емануел Макрон подоцна денеска ќе и се обрати на јавноста и ќе зборува за новиот закон, јави телевизијата БФМ. Построгите правила за мигрантите предизвикуваат вознемиреност кај левото крило на партијата на Макрон, а француските медиуми шпекулираат дека некои министри може да поднесат оставки.
Фигаро и Паризиен информираа дека министерот за здравство Орелиен Русо веќе поднел оставка, но не можеа да потврдат дали премиерката Елизабет Борн ја прифатила оставката.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа