Макпетрол предупредува на небезбедно полнење боци со плин од неовластени лица

Компанијата Макпетрол ги предупредува потрошувачите што користат ТНГ во боци на зачестена појавата на неовластени лица што вршат продажба и дистрибуција на боци со ТНГ.
- Ги предупедуваме корисниците кои набавуваат ТНГ во боци од неовластени дистрибутери дека доколку внесат во нивниот дом неконтролирано наполнета боца со ТНГ, при најмало зголемување на температурата, може да дојде до несакани и трагични последици, наведуваат од компанијата.
Истакнуваат дека неовластеното лице што ги доставува полните боци со лого на Макпетрол АД, нуди рекламен материјал (флаер) во кој покрај неговите телефонски броеви наведува „Нудиме бесплатна стручна помош при монтажа на плинската боца“.
Појаснуваат дека боците задолжително се полнат во специјализирани полнилници каде што се контролираат издржливоста на притисок на боцата и функционалната исправност на вентилот пред да се наполни со ТНГ. Периодичниот преглед на боците пред нивното полнење го прави акредитирано инспекциско тело во рамки на Макпетрол АД и за тоа издава соодветен сертификат.
Од полнилниците, до крајните потрошувачи Макпетрол АД, како што велат, секогаш дистрибуира целосно контролирана, исправна и соодветно заштитена и означена ТНГ боца.
Според нив доколку се врши полнење боци во неспецијализирани полнилници, не е можно да се изврши контрола на преполнувањето, а истовремено полнењето не е безбедно и не е во согласност со позитивните технички и законски норми.
Ново на Сител
-

Перез: Му посакуваме добредојде на еден од најдобрите тренери во светот - Мадридистот Жозе Мурињо
-

Без струја делови од Бутел и Кисела Вода
-

Истрага против двајца браќа, пробале да убијат човек поради недоразбирање во сообраќај во Шишево
-

Трамп: Нетанјаху нема друг избор освен да го прифати договорот со Иран
-

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-

Израелската армија најави продолжување на операциите на целата територија на Либан
-

Зеленски потврди: Абрамович беше во Киев со намера да пренесе порака до Путин
-

Предупредување од ЕК: Спорниот туристички проект може да го загрози патот на Албанија кон членство
