Македонските туристички потенцијали претставени на саем во Италија
Туристичките потенцијали на Македонија се претставени на меѓународната туристичка и бизнис манифестација „TTG-Incontri“, која се одржува во Римини, Италија.
- Туристичкиот сектор од Македонија детектираше значаен интерес кај италијанските бизнис субјекти, претставувајќи ја земјава како привлечна и потенцијална дестинација која нуди можности за соработка и вмрежување на туристичките фактори меѓу овие две земји, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија која во соработка со приватниот сектор четврта година по ред учествува на овој B2B саем за туризам.
Претставниците од АППТ во текот на саемот оствариле средби со повеќе од 20 туристички блогери кои се многу значајни за пазарите во развој, изнесувајќи го уникатното и највредното од земјата, со што влијаат на изборот на дестинација кај италијанските туристи. Ги поканиле да го искусат и доживеат автентичното и локалното од Македонија, преку организација на информативни патувања низ земјава.
Претставниците од приватниот секор - туристичките агенции Бохемија, ГоБалканс и Маседонија Холидејс, преку прилагодена туристичка понуда ги презентирале туристичките капацитети кои ги има Македонија. Понудата е насочена кон недопрената природа, богата култура, можностите за специјализирани, алтернативни форми на туризмот, а се во интерес на италијанскиот пазар.
Според АППТ, претставувањето на Република Македонија на саемот за туризам во Римини, претставува значаен придонес за туризмот и зголемувањето на бројот на туристи од италијанскиот туристички пазар. - Треба да се земе во предвид и одличната поврзаност на Македонија со Италија, односно трите директни линии од Скопје до Рим, Венеција и Милано со нискобуџетната авиокомпанија Виз ер. Ова е одлична можност главниот град да прерасне во „Сити брејк“ дестинација и приватниот сектор да се ориентира кон организација на специјализирани неколкудневни екскурзии низ нашата земја, согласно барањата и интересите на италијанските туристи, како би ги искусиле убавините на Македонија, се вели во соопштението.
На 54.то издание на „TTG-Incontri“ својата туристичка програма ја претставуваат над 130 туристички дестинации и над 1000 туроператори, кои привлекуваат околу 52.000 посетители. За големината на саемот придонесува и учеството од над 64.000 професионалци од областа на туризмот, 700 новинари, 300 блогери. Се одржуваат тренинг конференции и семинари, учествуваат голем број истражувачки институти, авиокомпании, национални и природни паркови, хотелски брендови, компании за промоција и маркетинг и останати професионалци од туристичката индустрија.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода