Македонските органски производи сертифицирани по светски стандарди

Домашните потрошувачи да бидат сигурни во македонските сертифицирани органски производи. Тие се исти како оние во ЕУ и САД и подлежат на еднакви ригорозни контроли, а можноста за манипулација е сведена на минимум.
Како што велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), македонското органско растително производство засега најмногу може да понуди житни култури, фураж, грозје и ароматични лековити растенија, додека во органското сточарство, предничи овчарството.
Сертифицирањето засега го вршат две акредитирани тела.
- Вкупно 3.089 хектари под органско производство се регистрирани лани, а бројот на производители и оператори бил 481. Државната финансиска поддршка изнесувала 47.770.000 денари, информираат од Министерствто.
Од минатата година субвенциите се зголемени за 30 отсто, а на производителите им се исплаќаат и дополнителни 50 проценти од трошоците за сертификација. Како резултат на тоа, според МЗШВ, зголемен е интересот за преминување од конвенционално во органско производство.
Според експертите, за развој на органското производство е неопходно постојано истражување, континуирана едукација и пред се, прилагодување кон побарувачката. Фокусот, сметаат, треба да се стави на руралните средини кои имаат голем потенцијал поради екстензивното традиционално земјоделство.
- Добро планирање, организирање, здружување, учење и постојано следење на трендовите, односно на барањата на потрошувачите се клучни за органското земјоделство, посочува професорката Рукие Агич од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Побарувачката за органски производи на светско ниво се зголемува со исклучително брзо темпо. Лани достигна 90 милијарди долари за разлика од 1999 година кога беше 15 милијарди. Најголеми потрошувачи се Швајцарија, Германија, Велика Британија, Луксембург и Данска, а најголем производител е Австрија. Побарувачката е голема и во САД и Канада.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство укажуваат, при купувањето македонски органски производи домашните потрошувачи да ја бараат националната ознака - сонце околу кое вирее фиданка зашто само тие производи што на себе ја имаат ознаката се сертифицирани и гарантирано квалитетни, согласно стандардите за органско производство.
За повеќе информации околу органската храна, нејзиното потекло, карактеристики, продажба,..., Организацијата на потрошувачи на почетокот од месецов ја промовираше веб страницата www.organskisvet.mk, изготвена во соработка со Министерството за земјоделство.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
