Спорт плус
26. August 2024 - 8:01

Македонските одбојкари загубија од грчките во квалификациите за ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва загуби од грчката селекција со 1:3 во квалификациите за Европското првенство 2026.

Мечот одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански“ добро почна за Македонија. Нашите репрезентативци го добија првиот сет со 25:15.

Во продолжение, Грците ја поправија играта ги добија трите сета во низа (25:18, 25:23 и 25:20).

Во Ф-групата, Грција има една победа од еден натпревар, Македонија една победа и еден пораз, Грузија еден пораз.

Следен меч за избраниците на селекторот Хари Наковски е во јуни следната година, дома со Грузија, а квалификациите ќе ги завршат во август со гостувањето во Грција.