Македонскиот полициски синдикат: Остварени работни средби со раководството на МВР
На барање од Македонскиот полициски сидикат денеска, Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар Киро Трајковски остварија два одделни работни состаноци од кои еден со Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и другиот со дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, соопштија од МПС.
Средбите беа иницирани од страна на Македонскиот полициски синдикат а како причина ја наведуваме актуелната состојба во Министерството за внатрешни работи на секојдневно издавање наредби и решенија за работа од страна на Министерот за внатрешни работи и нивно поништување од страна на Владата на Република Македонија со што сите вработени во Министерството се доведени во една конфузна и збунувачка состојба што им преставува сериозна пречка за нормално извршување на редовните работни задачи и реализација на правата од работен однос.
Од страна на раководството на МПС на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска им беше пренесен ставот на Македонскиот полициски синдикат дека највисоката цел на МПС е заштита на правата од работен однос на вработените, истовремено грижејќи се и за угледот на Министерството за внатрешни работи и интегритетот на полициските службеници, поради што како единствен репрезентативен синдикат во МВР и организација во која членуваат со над 8500 членови чуствуваме и морална одговорност да укажеме на погопренавените состојби и потребата од нивно итно надминување.
Од таа причина, а се со цел хитно надминување на актуелната состојба во Министерството ние како Македонски полициски синдикат предложивме во текот на утрешниот ден во наше присуство и наша Медијација да се одржи состанок за што искрено сме благодарни и на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и на дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска за прифаќањето на нашата иницијатива.
Се надеваме дека на утрешниот состанок преку конструктивен дијалог ќе се надминат недоразбирањата и ќе се реши состојбата на општо задовослтво и за доброто на сите вработени во Минситерството за Внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија