Македонската храна скриено богатство, вели блогерката Лишаи Кауфер
Македонската храна е скриено богатство и заслужува поголемо внимание. Ова е насловот на блогот што го објави Лишаи Кауфер, ПР косултант за храна и пијалаци, на агрегаторот за вести Хафингтон Пост.
За Кауфер, како страстен почитувач на кујната и човек со долгогодишно искуство во гастрономијата, македонските јадења се, како што вели, едни од нејзините најомилени во светот.
Ракија, полнета охридска пастрмка, тавче гравче, пастрмајлија, сарма, зелник и тулумба, се „специјалитетите“ кои ги наведува Кауфер во блогот, квалификувајќи ги како „храна која ќе разговара со вашиот стомак и ќе биде песна за вашата душа“.
- Велика Британија е преполна со кулинарски задоволства од целиот свет, но ако ги прашате луѓето на улица што би ви понудиле за вечера, најверојатно ќе добиете тестенини, пица, хамбургер или кари. На дланка имаме неверојатни странски кујни. За жал, не сме слушне за нив. Јас сум во мисија да истакнам некои од моите омилени во светски рамки, а ќе почнам со помалку познатата Македонија, истакнува Кауфер.
Македонската храна, додава, е под влијание на Медитеранот и Блискиот Исток, изобилува со вкусови и разновидност но, истовремено е скромна.
- Многу рецепти се подготвувани на ист начин со векови, се пренесувале од колено на колено преку старите обичаи и тајни кои денес ни се лесно и веднаш достапни, пишува блогерката.
Целиот текст на Лишаи Кауфер може да се прочита на http://www.huffingtonpost.co.
Ново на Сител
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон
-
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-
Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат