Македонска премиера на археолошкиот документарец „Спасувајќи го Мес Ајнек"
Во Музејот на Македонија денеска од 14 часот премиерно пред македонската публика ќе биде прикажан „Спасувајќи го Мес Ајнек" (Saving Mes Aynak) - снимен во 2014-та и меѓу најпопуларните и најнаградувани документарни филмови во изминатите години.

Филмот го следи авганистанскиот археолог Кадир Темори и неговиот авганистанско-француски истражувачки тим во обидите за зачувување на еден од најзначајните археолошки локалитети и културни споменици на Блискиот Исток - Мес Ајнек, на кој му се заканува уништување со градењето на голем рудник за бакар. Локалитетот, со богати културни слоеви од преку 5000 години, важел за значаен будистички религиозен и рударски центар на познатиот трговски пат на свилата.
Документарецот е во продукција на Kartemquin Films од Чикаго и режиран од Брент Е. Хуфман, кој во својата богата кариера соработувал со низа познати медиумски куќи.
„Спасувајќи го Мес Ајнек" е добитник на наградата за најдобар документарен филм на The International Academic Forum во 2015 година, а бил прикажуван и на престижните меѓународни фестивали за археолошки филмови во Грција и во Франција.
Македонската премиера на филмот ја органиизра Студентското археолошко здружение „Аксиос" од Скопје, во соработка со Музејот на Македонија. Влезот за посетители е бесплатен.
Ново на Сител
-

Докторот на репрезентацијата на Данска кажа за состојбата на Ериксен откако ја изгубил свеста
-

Флорентино Перез останува претседател на Реал
-

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4.8 %, а цените на мало за 5.6 %
-

До четврток претпладне сончево, попладне со услови за локален дожд
-

Уапсен косовец, превезувал брендирана стока без документација
-

Истражување: ГЛП-1 лековите за слабеење го намалуваат ризикот од рак за 41 отсто
-

Зеленски ја променил рутата на патување кон Европа поради тензии со Полска
-

Туристи плаќале до 20 евра за влез во Куклите во Кратово, гакораѓаните реагираат за незаконска наплата
