Македонска берза одбележа 20 години од основачкото собрание
Македонската берза денеска одбележа 20 години од оснoвачкото собрание одржано на 13 септември 1995 година. Во досегашното работење помина повеќе развојни фази. Регионализацијата ја гледаат како приоритет, а поголемо раздвижување може да се очекува со добра комбинација на економски, политички и регулаторни фактори.
- Одбележуваме 20 години од основачкото собрание на Македонска берза одржано на 13 септември 1995 година. Како и другите берзи во поширокиот регион е резултат на големата трансформација што тогаш се случуваше со стопанствата, односно транзицијата во пазарни економии и како таква го почна своето функционрање и досега помина неколку развојни фази, изјави главникот извршен директор на Македонската берза Иван Штериев.
Посочувајќи ги фазите низ која поминала Берзата, Штериев рече дека по фазата во која имаше берзански бум, во последните неколку години Берзата е во една нова реалност каде сите учесници на пазарот и пошироката јавност осознаваат каква е берзата во отворена мала економија како Македонија, со оваа структура на стопанството, во овој општествено политички амбиент и со ова ниво на БДП и животен стандард.
- Берзата е пред се инфраструктура. Ние како Македонска берза континуирано работиме на подобрување на таа инфраструктура и остануваме и понтаму транспарентен барометар на општествен-економските случувања во Македонија, рече Штериев на одбележувањето на 20-годишнината.
Додаде дека приоритет е регионализацијата и Берзата да стане дел од поширока алијанса на берзи. Напомена дека во рамки на регионалниот проект со берзите од Софија и Загреб во првиот квартал од наредната година треба да почне многу полесна размена на налози за тргување на овие три пазари.
Според Штериев, она што може да ја раздвижи Берзата е комбинација на повеќе фактори, односно добра комбинација на економско, политичко и регулаторно окружување.
- Дел од фирмите на Македонската берза оставаруваат како компании добри резултати, така што инвеститорите со една внимателна анализа секогаш ќе можат да одберат фирми каде одредена капитална добивка или во последно време дивидидена може да се детектира, посочи Штериев.
По повод одбележувањето, Македонска берза организираше специјална презентација за 20-те најдобри студенти родени 1995 година во насоката финансиски менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје.
Македонската берза со тргување почна на 28 март 1996 година. Од првиот ден на тргување до денес, односно во периодот 28.03.1996 година - 31.08.2015 година, на Берзата е остварен вкупен промет по сите основи од над 3,3 милијарди евра и склучени се 468.258 трансакции со над 600 хартии од вредност. Најголем промет е остварен во 2007 година во износ од околу 680 милиони евра.
Ново на Сител
-
Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот