-->
-->
Македонија тренираше во Созопол
-->

Тениската репрезентација на Македонија денеска тренираше во Созопол, Бугарија каде од среда до сабота ја очекува настап во рамките на Третата Европска зона од Дејвис купот. За Македонија оваа година се пријавени да настапат: Томислав Јотовски (771.место АТП сингл - 683.место во двојки), Димитар Грабул (1028.место сингл – 893 двојки), Горазд Србљак (1183.место сингл) и Шендрит Деари (без разнг).
Нашата репрезентација изминативе денови се подготуваше во Скопје на терени на тврда подлога на која и ќе се играат мечевите во Созопол. Проблем за селекторот Дејан Маринковиќ претставуваше повредата на Јотовски, но најверојатно со него е се во ред штом отпатува за Бугарија.
Во рамките на Третата Европска зона пријавени се 15 репрезентации, кои ќе бидат поделени во четири групи (една со три селекции и три со по четири селекции). Извлекувањето на групите ќе се одржи утре. Првопласираните селекции од групите ќе играат во полуфинале, а победниците во полуфиналните дуели следната сезона ќе играат во Втората Евро-африканска зона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
