Бизнис
1. August 2024 - 16:33

Македонија транзит земја за евтина работна сила

Македонија како транзит земја за евтина работа сила. Бизнисот кубури за кадар, додека увезените работници од Непал, Бангладеш, Пакистан, бараат начин како нелагално да заминат во европските земји. За да се надмине недостигот на кадар, земјава ја зголеми квотатат од 5 илјади на 7 илјади дозволи за странци. Најмногу се издадени на лица од Непал.  Само во првата половината – 750.  Но, ретко кој  од нив останува да  работи во фабриките во Источна Македонија. Земјава ја гледаат само како отскочна даска  за влез во  Европа. Проблемот  Агенциите за посредување при вработување го гледаат во самиот начин на носење на овие лица, за кој сметаат дека е несоодветен

Заминувањеро на дел од странските работници се должи на фактот што самиот налчн на носење на овие лица е оркестриран и органзииран од страна на одредени групи. Затоа јас апелирав дека увозот на работна сила не е доволно коректен. Регрутацијата, наместо на агенции кои  имаат лиценци ја прават луѓе од улица, кои влегуваат во меѓународните води каде миграцијата е постојана. За вработување лица од Непал нудат пари. Тоа е невозможно.  Ако некој треба да ги покрие трошоците за тие лица, тоа е самиот работодавач од Македонија, изјави Зоран Кочоски, Агенција за посредување при вработување

Билтените од МВР се полни со лица од Непал  кои исчезнале или се спречени нелегално да влезат на граничните премини со Грција. Но државата не реагира, додека бизнисот на дел од групите кои ги носат овие лица им цвета

  • Вас ви имаат понудено пари?
  • Да, од 1,500 до 2,000 евра за работник.. Кога некој тоа го нуди, значете дека Македонија е само отскочна даска за тие лица. Алармантно е што државните институции. Некој  им ветил дека ќе го носи во Европа. Овде не станува збор за ветена плата, туку за ветено заминување во Европа, додава Кочоски

Од МВР велат дека во  првите 6 месеци спречиле 30 лица илеално да ја напушатат земјава и да влезат во Грција. За изчезнати пак се водат над 20 лица. Овие работеле во текстилените фабрики во Источна Македонија и биле на возраст од 28 до 38 години. Платата која ја добиваат кај  нас е од 25 до 30 илјади денари. Во Европа пак, за истата работата добиваат тројно повеќе. Токму затоа предизвик им е да заработат, но во некоја европска држава.