-->
-->
Македонија против Србија за пласман во следната рунда на ЕП
-->

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево против Србија ќе го игра решавачкиот меч од А групата на Европскиот шампионат што се одржува во Полска.
По двата порази, кои ги претрпеа во првите два меча од Франција и Полска, двете селекции се пред императив да се победи противникот и да се обезбеди третото место во оваа група, а со тоа и пласман во следната, главна фаза на првенството.
За разлика од Србите, на кои само победа им е опција за ракометарите на Македоноија во предвид доаѓа и нерешен резултат, тоа поради подобрата гол разлика во однос на противникот.
За овој меч селекторот на Македонија, Ивица Обрван направи и една измена во тимот, во кој се враќа Жарко Пешевски откако Никола Маркоски во неделата се повреди на натпреварот против Полска. Пешевски токму за мечот со домаќинот беше заменет од Филип Лазаров.
Уште пред заминувањето за Полска, во таборот на црвено-жолтите се очекуваше токму дуелот против Србија да биде решавачки за пласман во следната рунда.
Тоа уште еднаш го повтори и капитенот Кирил Лазаров кој прододаде дека искуството кое го имаат акомулирано неговите соиграчи треба да се искористи.
- Србија се покажа во светло издание на првенството, со голема борбеност. За разлика од нив, ние сме многу поискусни. Тоа е нашата голема шанса за пласман понатаму, изјави капитенот Лазаров.
Мечот, Македонија – Србија ќе се игра со почеток од 18 часот и 15 минути, а во вториот меч од А групата за првото место ќе се борат Франција и Полска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
