Ракомет
1. August 2015 - 16:37

Македонија пак ја победи за Литванија за 15.место на ЕП

Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија (до 19 години) го освои 15.то место на Европското првенство што се игра во Валенсија, Шпанија. Во дуелот за избегнување на последната позиција Македонија ја победи Литванија со 29:27 (13:17). Ова беше втора победа на нашите ракометарки на шампионатот и повторно беше совладана Литванија како и во дуелот од првото коло од групата.
Избраничките на селекторот Симе Симевски на полувремето имаа негатива од четири голови (13:17), но во вториот дел беа подобар ривал и го добија вториот дел со 16:10 за конечни 29:27. Во македонската репрезентација по шест голови постигнаа Теодора Керамитчиева, Наташа Нолевска и Ангела Тодоровска, додека признанието за најдобра во нашиот состав и припадна на голманката Нина Ладева.
Утре во финалето ќе играат Русија и Данска, а во дуелот за бронзениот медал ќе играат Унгарија и Шведска.