Македонија и Словенија имаат потенцијал за размена од половина милијарда долари
Македонија и Словенија се пријателски земји кои имаат добри традиционални врски во сите области. Економската соработка, исто така, е традиционално добра и има многу голем потенцијал да се унапреди.
Ова го порачаа на денешниот Македонско-словенечки бизнис форум премиерите Зоран Заев и Миро Церар, нагласувајќи дека размената меѓу двете земји до 2020 може да достигне до половина милијарда долари.
- Пријателството се гради полека и постојано и затоа е важно меѓу Словенија и Македонија да го градиме секој ден преку сите области преку кои добро соработуваме, порача Церар.
Оцени дека има големи можности за проширување на соработката на планот на енергетиката, инфраструктрата, и во областа на прехранбената индустрија, металопреработувачката, туризмот...
Порача дека Словенија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот на ЕУ и НАТО интеграцијата.
- Македонија го избра патот на евроитнеграции и откако ќе го реши прашањето на името и верувам дека е блиску до решавањето и дека ќе биде решено, рече Церар.
Премиерот Заев ги повика словенечките компании да ги искористат традиционалните врски кои можат да дадат придонес во развојот и унапредување на соработката.
- Верувам во потенцијалот кој досега не е искористен. Размената е до 300 милиони долари и таа расте со 10 до 15 проценти, но може да биде поголема и постојат повеќе можности за тоа, рече премиерот Заев.
Ги повика словенечките компании да учествуваат во тендерите што ќе следат во делот на патната инфраструктура каде се обезбедени големи средства, потоа во делот на пречистителни станици, изградба на регионални депонии и во делот на енергетиката.
Словенија е петта земја по инвестиции во Република Македонија.
Соња Шмуц од словенечката Стопанска комора оцени дека добрата економска соработка се гледа и во инвестициите.
- Ние сме еден од најголемите инвеститори во Македонија и кога Словенците доаѓаат тука тогаш и остануваат, а тоа е една голема порака, рече таа.
За претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески словенечките инвестиции се значајни во Македонија и тие придонесуваат за развој и раст на македонската економија.
Според него, Република Словенија е земјата која од осамостојувањето не ги напушти релациите со Македонија и оти тие се одржуваат во континуитет 30 години.
Ново на Сител
-
Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци
-
На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија
-
Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути