Македонија и Бугарија на заедничко поклонение во Рим во чест на „Св. Кирил“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев со делегација на владини претставници како и претставници од Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија, на 24 и 25 мај ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.
Како што соопшти владината прес служба, на 24 мај, премиерот Заев и делегацијата ќе пристигнат во Базиликата „Свети Климент“ на молебен, каде ќе ги пречека старешината на Базиликата, отец Томас Мекарти. Во оваа Базилика, македонската и бугарската владина делегација заедно ќе положат венци цвеќе на гробот на Св.Кирил.
Македонската делегација потоа ќе се упати кон базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде ќе положат свежо цвеќе на спомен плочата од папата Адриан II, во чест на Св.Кирил и Методиј. Истиот ден, македонската делегација ќе положи венци цвеќе и на споменикот Св. Кирил и Методиј во Амбасадата на Република Бугарија, каде ќе има и заеднички ручек на претседателите на владите на Република Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.
Во петок, на 25 мај, премиерот Заев придружуван од владината делегација ќе присуствува на Аудиенција кај папата Франциск во Апостолската Палата во Ватикан, а потоа премиерот Заев ќе се сретне со Државниот секретар на Светата Столица, кардинал Пјетро Паролин. Во попладневните часови, македонската и бугарската владина делегација ќе присуствуваат на отворање на заедничка културно - уметничка програма, организирана од министерствата за култура на двете земји.
Ново на Сител
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
-

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ
-

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари
-

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
