-->
-->
Македонија го избра претставникот за Евросонг 2019
-->
Македонската пејачка Тамара Тодевска ќе ја претставува Република Македонија на Евросонг 2019-та, објави Македонската радио телевизија (МРТ).Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржува од 14 до 18 мај во Тел Авив, Израел. Пејачката ја објави веста во дневникот на МТВ 1 кој е во тек. За Женски магазин, Тамара изјави дека многу му се радува на овој музички предизвик.
Тамара има богато евровизиско искуство. Како македонски претставник на „Евросонг“ оди втор пат, а претходно два пати била и како придружен вокал. Во 2008 година, заедно со Врчак и со Адриан Гаџа во Белград ја испеа „Во името на љубовта“. Во 2004 година, беше дел од придружните вокали на Тоше Проески во Истанбул, а во 2014 година исто така ги отпеа придружните вокали на сестра ѝ, Тијана Дапчевиќ во Копенхаген, Данска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Ќе работиме со МВР и општините да се зголеми опфатот на камерите од „Безбеден град“
-

Како „Везилка“ ќе ја ткае паметната иднина? | Димитар Трајанов и Пешевски | Sitel Podcast 129
-

Филипче: Вечерва ќе побарам да се повлечат сите членови на ИО, новите членови ќе бидат избрани за две недели
-

Уставната судијка Дабовиќ поднесе оставка
-

Уапсен е сопственикот на кравите во Крива Паланка | ВИДЕО
-

Путин: Русија не сака војна, но ако Европа ја сака - подготвени сме
-

Одбраната ги оспорува обвиненијата за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 4 декември
-

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел
