Македонец баран по европска потерница приведен во Бугарија
Бугарската полиција на граничниот премин „Ѓуешево/Деве Баир“ го привела 53-годишниот македонски државјанин Н.Е. врз основа на европска потерница издадена од Суд во чешкиот главен град Прага.
Како што соопшти софиското Јавно обвинителство, при проверка на документите за лична идентификација, полициските службеници на граничниот премин утврдиле дека прашкиот Суд издал европска потерница за апсење и екстрадиција на Н.Е. под обвинение за „перење пари, фалсификување на официјални документи и тргување со нив“.
Потерницата против Н.Е. е издадена за отслужување на двегодишна казна затвор на која е осуден од страна на чешки Суд.
Бугарското Обвинителство информира дека издало налог за задржување во притвор на Н.Е. се до завршувањето на постапката за негова екстрадиција.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски