Македонија
12. July 2024 - 16:38

„Македонци се пишуваа Албанци за да се вработат“ - Минчев рече дека балансерот ќе биде укинат

Новиот министер за јавна администрација ќе го повлече од собранието законот за административни службеници кој беше спорен за синдикатите. Тие критикуваа дека ако се донесе, тогаш платите на вработените во јавниот сектор нема да растат како што ќе расте минималецот.

Освен овој закон, Минчев ќе повлече уште два закона од истиот пакет закони предложен од поранешниот министер Алиу.

Минчев мета дека законите треба да се доработат со широка дебата во која ќе бидат вклучени и синдикатите и се надева дека до крајот на годината тој процес ќе заврши.

Имав неколку средби со синдикатите. Тоа е клучно прашање кое нив ги интресира, дека практично актуелното покачување од 15% не е доволно за нив и тоа е еден од клучните проблеми. Состојбата во буџетот, во овој момент е катастрофална. Затоа отвораме една дебата во која сакаме да дојдеме до едно компромисно решение“ – Горан Минчев, министер за јавна администрација

Минчев рече дека балансерот ќе биде укинат, оти според него, постојано се злоупотребувал, па Македонците се пишувале како Албанци и обратно, само за да се вработат.

Балансерот како дигитална алатка ќе биде укинат. Бројките веќе се сменети и ќе се однесуваат на резидентното население согласно пописот од 2021 година. Така ќе се применува и тоа е веќе завршена работа. Што се однесува до новото законско решение коешто можеби ќе ги засега токму овие закони кои ги повлекуваме, а тоа е законот за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор, ќе отвориме дебата и врз основа на таа дебата ќе предвидиме законски решенија“ – Горан Минчев, министер за јавна администрација

Министерството за информатичко општество сега поделено на две министерства – за јавна администрација и за дигитална трансформација.

Со поделбата, во министерството на Минчев има 60 вработени, а во Министерството за дигитална трансформација со кое раководи Стефан Андоновски работат 160 лица, со што вкупниот број на вработени во поранешното МИОА е помал за 120.