Мајмун остави без струја 50.000 луѓе во Замбија
Еден бабун во јужниот дел на Замбија толку многу се заинтересирал за каблите во една електрана, поради што без струја остави 50.000 луѓе во регионот, јави Би-Би-Си.
Имено, мајмунот предизвикал прекин на електричната енергија кога се качил над електраната и почнал да ги влече каблите.
- Бабунот го преживеа силниот електричен удар, кој би убил човек, изјави портпаролот на електраната Хенри Капат, додавајќи дека во таква ситуација човек ако преживее би одговарал пред суд.
Капат наведе дека една организација за заштита на животните го спасила мајмунот и тој моментно се опоравува од „сериозните повреди“.
Електраната се наоѓа во замбискиот туристички град Ливингстон каде вообичаено дивите животни слободно се движат поради близината на националниот парк.
Снабудувањето со електрична стурја во меѓувреме повторно е воспоставено во Ливингстон и околината. Во сличен инцидент минатата година еден мајмун предизвика прекин на струја во цела Кенија.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата