Мајката на Орце Камчев заврши на црната листа на САД

Американското Министерство за финансии од Западен Балкан ја обнови црната листа со нови лица од Македонија
Меѓу нив и мајката на бизнисменот Орце Камчев, којшто беше ставен на оваа листа на 19 јули. Останатите двајца се рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина, како и Ратка Камчева, мајката на бизнисменот Орце Камчев, кој беше ставен на оваа листа на 19 јули годинава.
Во соопштението на американската Министерство за финансии се вели дека Самсоненко има двојно државјанство, на Русија и Македонија. Тој, сопругата и Камчева се означени од САД поради тоа што материјално му помагале, го спонзорирале или му обезбедувале финансиска, материјална или технолошка поддршка на Орце Камчев.
На црната листа на САД, поради корупција, се уште Сашо Мијалков, Никола Груевски и Рамиз Мерко.
Како резултат на означувањето, целиот имот и интереси на овие лица во САД или во сопственост или контрола на лица од САД се блокирани. Забранети се сите трансакции на лица од САД со овие лица или нивни имот и интереси.
„Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат подобро“, се наведува во соопштението на САД.
Ново на Сител
-

Уште еден пријавен случај на силување на малолетничка, овој пат во Скопје
-

Власта денеска ќе поднесе своја иницијатива за Анкетна комисија за сите досегашни несреќи
-

Ученичка нападната во тетовско основно училиште
-

Пронајдена дрога кај осуденик од Идризово кој се вратил од викенд отсуство
-

Гаши им ја врати Анкетнатa за Кочани на СДСМ и Левица
-

Едногодишно бебе почина во кичевската болница
-

Ужас во Охрид: 16-годишник силувал 12-годишно девојче додека друг малолетник го снимал
-

Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството
