-->
-->
Мајами: Федерер „граби“ кон финале со Надал?!
-->

Љубителите на тенисот во Мајами уживаат во играта на ветераните Федерер и Надал кои очигледно се подготвени да одиграат нов дуел во финалето на овој престижен турнир.
Швајцарецот обезбеди полуфинале откако спаси две меч топки за на крајот да слави со 6-2, 3-6 и 7-6 над Томаш Бердих во четвртфиналето.
По убедливата игра во првиот сет со 6-2, Федерер го загуби вториот со 3-6 и мечот влезе во драматична завршница откако третиот сет донесе неколку пресврти, голема борба и тај брејк. Роџе Федерер спаси две меч топки а Томаш Бердих со двојна сервис грешка му ја подари победата на својот колега.
Во полуфиналето, Роџер Федерер ќе ги одмери силите со Ник Киријос, кој славеше над Александар Зверев со 2-1 во сетови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
-

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ
-

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари
-

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
