Магдалена Ризова одбележува 25 години професионална актерска кариера
Театар Комедија вечер ќе ја изведе романтичната комедија „Дони Дарк“ по повод 25 години професионална актерска кариера на Магдалена Ризова. Со оваа претстава театарот ја почна соработката со Ризова минатата година, од кога е и идејата таа да има постојан ангажман во овој ансамбл.
Во богатиот 25-годишен опус на Ризова се голем број улоги што ги одиграла на сцената на Македонскиот народен театар, меѓу кои во претставите: „Мртви души“; „Буре барут“; „Мурлин Мурло“; „Грев или Шприцер“; „Баал“; „Народен пратеник“; „Глембаеви“; „Слугинки“; „Ревизор“; „Болва во уво“; „Вишновата градина“; „Оркестар Титаник“; „Аферата Елсинор“...
Двапати е наградена на МТФ „Војдан Чернодрински“ - за најдобар млад актер за улогата Мими во „Грев или Шприцер“ (1993) и за најдобра женска улога за Коробочка во претставата „Мртви души“ (1995).
Магдалена Ризова има и три меѓународни награди - за најдобра епизодна улога на филмскиот фестивал во Лугано (1991) за улога во филмот „Вистина“; Награда за најдобра женска улога на фестивалот во Ливерпул (1994) за улога во претставата „Баал“ и Награда за најдобра претстава и најдобра женска главна улога на Балканот на Балканскиот фестивал во Софија (1998) за улогата Мурлин Мурло во истоимената претстава.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза