Свет
29. October 2017 - 16:31

Мадрид одлучи: Пуџдемон повторно во власта ако победи на изборите

По смената на каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон,владата во Мадрид остави можност тој да се кандидира на вонредните избори за каталонскиот парламент на 21 декември. Потпретседателката на владата во Шпанија Сораја Саенс де Сантамарија е именувана да управува со Каталонија до изборите. Шпанските власти тврдат дека Пуџдемон сега нема никаква функција, и ако одбие да се повлече тие ќе дејствуваат разумно. Илјадници приврзаници на единствена Шпанија излегоа  на улиците на Барселона, реагирајќи на едностраното прогласување независност .Учесниците во маршот повикаа сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон да биде затворен, што стави дополнителен притисок врз јавното обвинителство, кое најави дека против него ќе биде покренато обвинение за побуна.По ваквите закани, од Белгија дојдоа најави дека Пуџдемон би можел да добие политички азил во оваа земја, потег на кој Шпанија тешко би можела да му се спротивстави.Доколку Пуџдемон биде обвинет за побуна, тој се соочува со затворска казна до 30 години. Од неговиот табор засега нема најави дека тој планира да ја напушти Каталонија.