Мади Шарма: Во Македонија има промени, пред се во слободата на медиумите

Во Македонија има голем оптимизам и промени, пред се во областа на слободата на медиумите, изјави Мади Шарма, претседател на Комитетот за Западен Балкан на Европскиот економски и социјален комитет, тело на Европската унија.
Делегацијата на Европскиот економски и социјален комитет престојува во Скопје во мисија за утврдување на фактичката состојба во земјава, пред се во областите за улогата на невладиниот сектор во воспоставување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, предизвиците со кои се соочуваат невладините организации, како и состојбата со слободата на медиумите во земјата.
Делегацијата на комитетот денеска одржа консултации со претставици од граѓанското општество. На консултациите учествуваа претседателот на Транспаренси интернешнл, Слаѓана Тасева, претседателот на Цивил Џабир Дерала и Билјана Петковска од Македонскиот институт за медиуми.
- Нашиот заклучок е дека има голем оптимизам во Македонија, има промени, мошне е убаво да се види слободата на медиумите. Свесни сме дека има предизвици пред се во однос на правниот систем, но сметаме дека има напредок и треба сите заедно да работиме во насока на отворање на претпристапните преговори со цел Македонија набргу да стане дел од ЕУ, рече Шарма.
Таа истакна дека Европскиот економски и социјален комитет претставува мост меѓу граѓанското општество и европските институции и појасни дека во ЕУ под граѓанско општество се подразбираат работодавачите, синдикатите и недвладините организации.
- Тука сме во мисија за утврдување на факти, да ги слушнеме работодавачите, синдикатите и невладиниот сектор каква е ситуацијата со новата Влада и како ЕУ може да помогне. Со нетрпение чекаме Македонија да стане дел од процесот за пристапување, гледаме нов оптимизам, има реформи, кои мора да се спроведат, од кои многу се поттикнати од граѓанското општество, а се имплементираат од Владата, рече таа.
Напомена дека делегацијата сака да слушне за моменталните предизвици и можности со кои се соочува граѓанското општество и потоа сето тоа да го реферира до Европската комисија.
Ново на Сител
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
