„Луфтханза“ ќе им понуди на патниците брзи тестови за коронавирус
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ планира да им понуди на патниците брзи тестови на Ковид-19 од октомври и размислува да отвори тест-центри на аеродромите во САД и Канада.
Одлуката временски се совпадна со предлозите на авиокомпаниите и аеродромите до владите ширум светот негативните резултати на патниците на Ковид-19 да бидат алтернатива на ограничувањата за патување и карантините што ја погодија побарувачката за патувања.
Авиопревозниците во голема мера ја поддржаа употребата на тестови со полимеразна верижна реакција (ПЦР), за кои се потребни неколку часа за обработка, па нивното здружение ИАТА предложи тестови за антигени за кои не е потребна лабораторија, а резултатите обично се добиваат за 15 минути.
Администрацијата за храна и лекови на САД неодамна го одобри BinaxNOW, развиен од лабораториите Абот. Станува збор за уред за еднократна употреба со големина на кредитна картичка, кој чини пет долари.
„Знаете дека компании како ’Абот’ и ’Рош’ продаваат вакви тестови и ние дефинитивно ја истражуваме таа можност“, рече Бјерн Бекер, директор на групацијата за управување со производи, аеродроми и дигитални услуги на „Луфтханза“, најавувајќи дека ќе им ги понуди на патниците во октомври.
Тој кажа дека „Луфтханза“ размислува во почетната фаза да им понуди нови тестови за антиген на патниците од прва и бизнис-класа, со оглед на ограниченото снабдување.
Компанијата исто така бара начини да ја прошири својата мрежа на тест-центри на аеродромите во САД и Канада, бидејќи тоа се важни пазари за неа, додаде Бекер.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“