-->
-->
ЛШ - жени: Вардар - ФТЦ ја отвораат сезоната
-->

Со натпреварот меѓу ЖРК Вардар и унгарски ФТЦ што се игра во петок во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе стартува новата сезона во женската ракометна лигана шампионите (групна фаза).
Ова е четврто учество на „вардарки“ во елитното натпреварување, а на претходните три секогаш завршуваа на третото место.
На денешната прес конференција во пресрет на дуелот тренерот Индира Кастратовиќ истакна:
- Јас како тренер на Вардар можам да кажам дека сум задоволна како се подготвуваа и работеа моите девојќи. Првиоит натпревар сите со нетрпение го очекувавме, но во петок несмемее да изгориме. Минатата година на стартот загубивме од унгарската екипа Ѓер, се надевам дека нема да биде така и во петок.
Противници на ЖРК Вардар во групата Б покрај ФТЦ од Унгарија се уште и екипите на Астраханочка од Русија и Лајпциг од Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци во детски играчки, алармира ДЗР
-

АХВ: Се повлекуваат серии Аптамил формули за доенчиња, граѓаните кои ги купиле да ги уништат или вратат
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на косовскиот премиер Курти
-

Велешката полиција лиши од слобода двајца возачи, поради управување со активна забрана им ги одзела возилата
-

Домашната градежна оператива лани со намалена работа во странство
-

Каматната стапка на благајничките записи останува 4 проценти
-

Во Штип минатиот месец во три наврати се заловувани кучиња скитници, граѓаните може да пријавуваат во Општината
-

Откако констатирала смрт, екипа на Итна помош добила закани на Бит Пазар
