-->
-->
ЛШ: Талески донесе победа за Металург
-->
Македонскиот репрезентативец Филип Талевски е најзаслужниот за победата на Металург во премиерниот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.
На дуелот кој се одигра синоќа во „ВИП Арената на СЦ „Борис Трајковски“, а е во рамките од Ц групата тимот на Металург забележа победа со 18:17 полувреме 8:7, а Талевски беше стрелец на дури 13 голови, вклучувајќи го и победничкиот на три секунди до крајот на дуелот.
Во оваа група екипите Чеховски Медведи и Ла Ријоха одиграа нерешено 28:28, а денеска својот прв меч во новата сезона ќе го играат Монпелје и Татран Прешов.
Попладнево и македонскиот шампион Вардар ќе ја има премиерата во новата сезона. Црвено-црните гостуваат во Шведска кај Кристијанштад во натпревар од Б групата во која Киелце како гостин го совлада Мешков Брест со 29:24, а Цеље беше подобар од Загреб со 30:28, додека попладнево својот натпревар ќе го одиграат ПИК Сегед и Ранј Некар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора