-->
-->
ЛШ: ПСЖ и Барселона водечки по првиот круг
-->

На половина од групната фаза во Лигата на шампионите екипите на ПСЖ и на Барселона се наоѓат на водечките две места во „квалитетните“ групи. Лидер во една група до ова коло беше македонскиот првак Вардар, но по поразот на гостувањето кај Барселона екипите ги заменија местата, а истото може да се случи и веќе во недела доколку Вардар ја победи Барселона.
Во двете групи кои се со „послаб“ квалитет на три кола до крајот по три и четири екипи конкурираат за првите две места. Македонскиот претставник во овој дел од групите Металург по четирите тесни порази во последните четири кола остана без шанси за пласман на едно од првите две места.
Резултати и двојки од 7.коло:
А група: Кил – ПСЖ 26:30, Флензбург – ППД Загреб 28:27, Висла – Бешикташ 32:26 и Цеље – Веспрем 27:30.
Табела: ПСЖ 12 бодови, Веспрем 11, Флензбург 10, Кил 8, ППД Загреб 6, Висла 5, Цеље 2, Бешикташ 2.
Б група: Барселона – Вардар 31:30, ПИК Сегед – Кристијанштад 35:28, Монпеље – Рајн Некар Ловен 28:30, Колдинг – Киелце 25:33.
Табела: Барселона 11, Вардар 10, Рајн Некар Ловен 9, Киелце 8, ПИК Сегед 8, Кристијанштад 4, Монпеље 4, Колдинг 2.
Ц група: Татран Прешов – Порто 24:25, Војводина – Мешков Брест 26:35, Ла Риоха – Чеховски Медведи 30:26.
Табела: Ла Риоха 12, Мешков Брест 10, Порто 10, Чеховски Медведи 4, Војводина 4, Татран Прешов 2.
Д група: Металург – Мотор 21:23, Баја Маре – Скјерн 28:28 и Елверум – Кадетен Шафхаузен 27:28.
Табела: Мотор 10, Скјерн 9, Баја Маре 9, Кадетен Шафхаузен 7, Металург 4, Елверум 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-

Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ се урна на аеродром во САД | ВИДЕО
-

Трамп предлага сојузната држава Њу Мексико да се вика „Нова Америка“
-

Денеска ќе биде погребан Ратко Младиќ
-

Сончево и топло со температура до 35 степени
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
