-->
-->
ЛШ: Атлетико „готви“ изненадување против Барса
-->
Расплетот во фудбалската Лига на шампиони започнува во вторник, кога во првите четвртфинални натпревари ќе играат Барселона-Атлетико Мадрид и Баерн Минхен-Бенфика, а во среда ќе се соочат Волфсбург и Реал Мадрид, односно ПСЖ и Манчестер Сити.
Шпанското четвртфинале, дуелот на двете водечки екипи во Примера, е најпривлечниот дуел во оваа фаза во Лигата на шампионите.
Сезонава двете средби во шпанското првенство завршија со идентични победи (2:1) на Барселона. Сепак, расположението кај Каталонците, во пресрет на овој меч, не е на високо ниво поради саботниот домашен пораз од Реал (1:2).
Реал откри неколку слабости во играта на Барселона, и ја прекина серијата од 39 натпревари без пораз, во која се наоѓаше „блауграна“.
„Поразот од Реал нема да има влијание врз нас. Секако дека тој пораз нé боли, но веќе ја анализиравме играта и верувам дека нема да ги повториме грешките“, рекол капитенот на Барселона, Андрес Иниеста.
Атлетико, во саботата, со добра игра забележа убедлива победа над Бетис (5:1), но она што го загрижува тренерот Диего Симеоне е здравствениот билтен. Тројцата централни дефанзивци, кои играа оваа сезона се повредени (Годин, Хименез, Савиќ) и докторите ќе решат дали можат да играат.
Симеоне се бори и против традицијата, тој ги загубил шест натпревари против Барселона на Луис Енрике.
„Клучно е да постигнеме гол на гостински терен. Торес е во форма и тоа мора да го искористиме“, рекол Симеоне.
Баерн, кој во претходната рунда, избегна елиминација од Јувентус, во оваа фаза е апсолутен фаворит против Бенфика, осбено на првиот меч пред своите навивачи.
Покрај квалитетниот противник ниту традицјата не и е наклонета на Бенфика. Португалскиот тим на последните три натпревари во Минхен убедливо губел (5:1, 4:1, 4:1).
Натпреварите во Барселона и Минхен ќе започнат во 20:45, во истиот термин ќе се одиграат и натпреварите во Париз и Волфсбург, кои на програмата се во среда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алиу донесе решение за разрешување на директорот на Клиниката за неврологија, Кузмановски
-
Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори
-
Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ
-
За моето семејство напаѓам како лав | Роберт Спасенцовски - Џокер | Sitel Podcast 117
-
Николоски: На 19-ти да гласаме, од 20-ти да работиме, време е за промена и во Валандово
-
Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја врати Македонија назад, ВМРО-ДПМНЕ се што ветува реализира
-
Мачадо: Нобеловата награда за мир е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“
-
Крадел производи поставени пред маркет и нападнал вработена - приведен кавадарчанец