-->
-->
Локомотив Кубан обезбеди пласман во ТОП 16
-->
Екипата на Локомотив Кубан обезбеди пласман во ТОП 16 фазана на кошаркарската Евролига.
Рускиот тим кој попладнево во меч од 7.коло ја совлада екипата на Жалгирис со 80-50 , ја оствари својата шестата победа, со која на три кола до крајот на групната фаза го осигура својот пласман во следната ТОП 16 фаза на Евролигата.
Домашниот тим победата ја најави во првата четвртина која ја доби со 14 поени разлика (28:14), а во втората, на противникот му дозволи да постигне само 3 поени (25:3), па на полувремето Локомотив замина со убедливи 36 поени разлика, кои беа повеќе од гаранција за конечен триумф.
Дури петмина кошаркари кај Локомотив средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу (14) меѓу нив постигна Евгениј Воронов.
Со тоа Локомотив им се приклучи на: Фенербахче, Уникаха, Олимпијакос, Барселона и ЦСКА Москва, екипи кои веќе се пласираа меѓу шеснаесетте најдобри.
Покрај овој натпревар, вечерва се играат и средбите: Црвена звезда - Реал Мадрид, Каршијака – Панатинаикос, ЦСКА Москва - Динамо Сасари и Дарушафака - Бросе Баскет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници