ЛОИ 2020: Претседателот на ИОК со поддршка за Георгиевски
Еден од најголемите адути на македонскиот спорт на ЛОИ во Токио секако е ререзентативецот во Таеквондо Дејан Георгиевски. Денеска нашиот тим во овој спорт Георгиевски и тренерот Костовски имаа средба со претседателот на ИОК Томас Бах кој им даде поддршка пред важните настапина олимпијадата:
„Денес имавме ретка и посебна чест да се сретнеме и да поразговараме со првиот човек на ИОК, претседателот Томас Бах. Со него позборувавме за Македонија и за македонското таеквондо.
Си разменивме и олимписки беџови, на крајот од разговорот првиот човек на олимпизмот на нашиот Дејан му посака многу среќа на настапите и светла спортска иднина“, велат од нашата олимписка таеквондо делегација во Токио.
Македонија на игрите за првпат ќе има претставник на една олимпијада. Дејан Георгиевски заедно со Арбреша Реџепи е наш знаменосец на свеченото отворање во 13ч.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати