-->
-->
ЛОИ 2020: Австралија го изненади фаворитот за злато
-->
Второто коло на ватерполо турнирот во Токио, ја донесе сензационалната победа на Австралија над Хрватска. Австралијците против кандидатот за златниот медал славеа победа 11:8.Австралија ја надигра Хрватска и на крајот заслужено победи. Втората и четвртата четвртина го решија победникот. Австралија вториот период го доби со 2:0, а последниот со 4:2. Првата четвртина заврши нерешено 3:3, додека третата им припадна на Хрватите со 3.2.
Рилард Кембпел постигна три гола во победничкиот тим. Ист број на голови на спортивната страна постигна Маро Јоковиќ.
Победата на Австралија дополнително ги закомпликува работите во Б-групата. По две кола само Шпанија има два победи и четири бода, по победа и пораз имаат Хрватска, Србија, Црна Гора и Австралија, додека Казахстан е последен без освоен бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
