Љупчо Димовски: Надежите и очекувањата самите да ги оствариме

Драги сограѓани,
Секое годишно отпочнување кај секого буди надеж и очекувања дека сите лоши случувања ќе останат зад нас, а само добрите нешта ќе не следат во годината што доаѓа.
Годинава на изминување со себе ги имаше сите можни кризни состојби со кои граѓаните сами мораа да се соочат и да се справуваат, осознавајќи ја вистината дека власта е неспособна да ја раководи државата и не е подготвена да се грижи за народот.
Затоа надежите и очекувањата во Новата 2023 Година треба самите и без ничија помош да ги оствариме.
Оттаму за сите нас Новата Година ќе претставува пресвртница со која ќе свртиме нова страница испишана од нас. Следната година сите ние ќе можеме да бираме меѓу чесноста и перспективноста, од една страна и измамите, изневерувањата и криминалите, од дугата страна.
Изборот е во самите нас, во нашето единство и сплотеност и во вербата во луѓето кои ги носат промените и подоброто заедничко утре.
Во Новата 2023 Година ви посакувам многу здравје, исполнување на сите желби и лични успеси.
За сите нас исполнување на сонот за мирна, стабилна и просперитерна Македонија, единствена држава за сите нас, држава во која ќе владее правото и правдината, држава на слободна мисла и збор и држава која ќе води грижа за секој граѓанин.
Македонија држава во која граѓаните со срце ќе ја градат сопствената иднина!
Затоа што срцето е на левата страна!
Љупчо Димовски, претседател на Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
