Ливерпул го доби дербито со Сити, Салах продолжува со историски достигнувања
Лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул, вечерва на гостински терен славеше победа над актуелниот шампион Манчестер сити со 2:0.
Мохамед Салах постигна гол и асистенција во првото полувреме од натпреварот кој беше дерби на 26. Коло.
Триесет и двегодишниот Египќанец стана првиот играч во историјата на англиската Премиер лига кој постигнал 40+ бодови во две различни сезони. Оваа сезона Салах постигна 25 голови и 16 асистенции.
Покрај тоа, Салах го израмни рекордот во Премиер лигата по голови на гости во една сезона (16) и стана првиот во историјата на Премиер лигата кој постигнал гол и асистенција на двата меча од сезоната против актуелниот шампион.
Напаѓачот игра за Ливерпул од 2017 година. Претходно играше и за Челзи во Премиер лигата (од 2014 до 2016 година).
Ново на Сител
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25
-
Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-
Трамп се надева дека Израел и Иран ќе постигнат договор
-
Иран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади
-
Сончево и топло со мала локална облачност